Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на проектили за противтенковските преносни системи „Javelin“ на Велика Британија за 125 милиони долари, соопшти Пентагон.
Расте побарувачката на американско оружје во Европа, забележува Reuters, но наместо скапата воена опрема како што се борбени авиони од петтата генерација или тенкови, списоците за набавка се фокусирани на проектили за лансирање од раме, за артилерија и дронови кои се покажале важни во воените операции во Украина.
Споменатата продажба на најблискиот американски сојузник би можела да биде првата во низата, откако многу европски земји настојуваат да ги обноват своите залихи на мало оружје кои е испратено во Украина, а се покажа дека биле недоволни според капацитетите.
Потенцијалниот пакет кој го одобри Стејт департментот би содржел и техничка поддршка за 600-те „Javelin“-и, како и логистичка поддршка, се наведува во соопштението на Пентагон. Но и покрај одобрувањето, не се наведува дали преговорите за продажбата се заклучени.