Белата куќа денеска испратила барање до Конгресот да одобри средства што би биле доволни за потребите за функционирање на федералната влада во периодот додека се согласува опширниот буџет за 2024 фискална година, соопшти весникот Вашингтон пост.
Краткорочниот буџет е потребен за да не се запре работата на владата поради исцрпени асигнации. Ако не се одобри овој привремен буџет до 1 октомври возможно е запирање на работата на федералната влада или таканаречено „шатдаун“ (shutdown).
Весникот дознава дека администрацијата на Бајден го повикала Конгресот кога ќе започне со работа во есенската сесија да одобри финансирање на низа програми, како на пример 1.4 милијарди долари субвенции за исхрана.
Некои од тие програми е 20.6 милијарди долари итна помош за Украина, 12 милијарди долари за помош од катастрофи, и подршка на други домашни фондови, посебно во време кога ураганот Идалија направи голема штетат во Флорида и неколку недели по катастрофалниот пожар на Хаваите.
Дијана Крисвел, директорка на Федералната агенција за менеџмент на вонредни состојби (ФЕМА), неделава се пожали за мошне низок буџет кој опаднал до 3.4 милијарди долари, и дека се потребни многу повеќе пари за брза реакција во случај на катастрофи.
Спикерот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, републиканец од државата Калифорнија и Чак Шумер, сенатор демократ од Њујорк и лидер на демократското мнозинство во Сенатот, во август изјавија дека не се против одобрување краткорочно продлжување на финансирањето на владата.