Премиерот Никола Груевски, претседател на партијата од десниот центар, ги освои четвртите по ред избори во Македонија, пишува „Вашингтон пост“.
Со преброени 99.9 отсто од гласовите, конзервативната ВМРО-ДПМНЕ освои 42 отсто, односно 61 пратеник, само за еден пратеник помалку од потребното мнозинство во Парламентот со 123 пратеници.
Опозиционата коалиција освоила 24.9отсто, односно 34 пратеници, според пресметките на Државната изборна комисија. Излезноста на изборите била 64 отсто.
На претседателските избори, конзеравтивецот Ѓорге Иванов го освои вториот пет годишен претседателски мандат, победувајќи го кандидатот на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија, Стево Пендаровски.
„Македонија имаше мирни, фер и демократски избори. Македонија е најголемиот победник. Треба сите да сме горди“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.