Премиерот на Северна Македонија во петокот си поднесе оставка, отворајќи го патот да биде именуван нов кабинет за да ги организираат предвремените избори.
Пратениците ја прифатија оставката на премиерот Зоран Заев без расправа и планираат да гласаат подоцна во текот на денот за формирање на техничаката Влада што ќе ги организираат изборите на 12 април.
Според договорот направен од најголемите политички партии, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Заев, е номиниран за премиер на привремената влада.
Заев побара предвремени избори, забележувајќи го неговото „разочарување и бес“ од неуспехот на Европската унија да не започне преговори за членство со Северна Македонија и Албанија минатата година.
Франција, поддржана од Данска и Холандија, остро се спротивстави на разговорите за членство, повикувајќи на реконструкција на процедурите на ЕУ за прием на нови членки.
Владата предводена од социјалдемократите на Заев ја презеде функцијата во 2017 година.