САД тврдат дека Русија не го почитува договорот „Нов СТАРТ“ (Strategic Arms Reduction Treaty) од 2010 година, последниот договор за нуклеарно разоружување .
Американскиот Стејт департмент ја критикуваше Москва за наводен прекин на инспекциите и откажување на преговорите според договорот, но не ја обвини за проширување на својот нуклеарен арсенал над договорените граници.
Републиканците, кои по изборите во ноември освоија мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, побараа од шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен до денеска да им каже дали Русија го прекршува договорот.
„Русија не ја почитува обврската што ѝ е наметната со договорот ‘Нов СТАРТ’ да дозволи инспекција на нејзина територија“, изјави портпаролот на Стејт департментот.
Москва минатата година објави дека го одложува ноемврискиот состанок со САД за инспекциите врз основа на договорот, обвинувајќи го Вашингтон за „непријателски“ и „токсичен“ став.
Последниот состанок на таа советничка комисија беше во октомври 2021 година.
Односите меѓу двете нуклеарни сили се на најниско ниво од почетокот на војната во Украина.
Во писмото објавено минатата недела, шефовите на неколку моќни комисии на американскиот Конгрес велат дека дејствијата и изјавите на Русија „покренуваат, во најмала рака, сериозна загриженост за нивното усогласување со договорот „Нов СТАРТ“.
По доаѓањето во Белата куќа во јануари 2021 година, американскиот претседател Џо Бајден автоматски според клаузилута времетраењето на тој договор се продолжи за пет години, до 2026 година.
Во понеделникот во интервју за агенцијата РИА, заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков порача дека ќе бидат потребни „мали чекори“ за Москва и Вашингтон да се приближат до договор за билатералните прашања.
Рускиот дипломат рече дека е „лесно можно“ договорот со САД за контрола на нуклеарното вооружување познат како Нов СТАРТ да биде заокружен по 2026 година. „Тоа е сосема можно сценарио“, вели Рјабков.
Руско-американските преговори за продолжување на инспекциите според договорот Нов СТАРТ, кој истекува во февруари 20226 година, беа прекинати во ноември 2022 година, без воспоставување временска рамка за новите преговори
Во август портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова извести дека и покрај односите меѓу двете земји се на најниското ниво од крајот на идеолошката блоковска Студена војна, Москва и Вашингтон се договориле да го одржат дијалогот и успеале да решат некои од проблематичните прашања во врска со инспекциите кои произлегуваат од договорот Нов СТАРТ. Но притоа забележа дека и натаму има „значителни тешкотии“ во спроведувањето на „суштинските рутински мерки“ предвидени со договорот е комплицирано, за што ги обвини „неконструктивните активности“ на Вашингтон и неговите сојузници.
Договорот Нов СТАРТ (Договор за намалување на стратешкото вооружување Strategic Arms Reduction Treaty) познат и како START-3 е потпишан во 2010 година и го ограничува бројот на стратешките нуклеарни боеви глави, проектили и бомбардери кои Русија и САД може да ги распоредат. Двете земји контролираат околу 90 отсто од светските резерви на нуклеарно вооружување. Договорот START-3 ги играничува двете суперсили на 1.550 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање и по 800 лансирни системи. Исто така, го ограничува и бројот на лансери на нуклеарни проектили и проектирите распоредени на копното и на подморниците, како и на стратешките бомбардери.
Администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп преговараше по истото прашање со Русија, но не успеа да постигне договор. Во прв ред, поради сомневањата на Трамп дека Москва е во значителна предност во овој поглед, како и неговото инсистирање на договорот да се приклучи и Кина, којашто одбиваше тврдејќи дека нејзините резерви од вакво вооружување се недостижно во моментов многу помали отколку на двете земји.
Договорот СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилитe Барак Обама и Дмитриј Медведев, истече во јануари 2021 година а според калузилата автоматски е продолжен до 2026 година. Вашингтон досега јасно не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека пред три години годинава се повлече и од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор.