Вашингтон: Трамп веројатно ги сокрил документите да спречи истрага на FBI

Документите најден на имотот на Флорида на поранешниот американски претседател Доналд Трамп „веројатно се сокриени“ за да се спречи истрага на Федералното биро за истраги (FBI) за негово потенцијално злоупотребување на доверливи материи, соопшти во вторникот американското Министерство за правосудство, а доаѓа веднаш откако републиканецот ги обвини властите за „погребување“ на податоците содржани во лаптопот на синот на актуелниот претседател Џо Бајден.

Според оцената на медиумите, судскиот поднесок на министерството е најдеталниот досегашен приказ на причините за рацијата на FBI на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго, поттикна од прегледот на записите коишто претходно тој им ги предал на надлежните институции, а кои содржеле податоци кои актуелната администрација повторно ги класифицирала како „строго доверливи“.

„Пред рацијата FBI открил повеќекратни докази кои покажуваат дека доверливи документи останале во Мар-а-Лаго. Владата, исто така, добила докази дека записите веројатно биле криени и отстранети, како и дека веројатно се преземени напори да се попречи нејзината истрага“, се додава во документот што го цитираат американските медиуми.

Министерството за правосудство соопшти дека ја објавило деталната заднина за подготовка на рацијата „за да се исправи непотполнито и неточен наратив“ на Трамп.

Соопштението на министерството доаѓа по минатонеделното барање на Трамп независна страна да ги прегледа документите запленети во текот на рацијата на FBI.

„Тоа барање е отфрлено, бидејќи тие документи не му припаѓаат на Трамп. Именувањето на специјален надзор е непотребно и значително би им наштетило на важните интереси на владата, вклучително и на националните безбедносни интереси“, тврди администрацијата на сегашниот американски претседател Џо Бајден.

Републиканецот Трамп, кој веројатно ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година и според анкетите во моментов е фаворит, ја обвини владата на демократот Бајден за продолжување на „ловот на вештерки“, и тврди дека „судот никогаш не смеел да дозволи провалување во неговиот дом“.

Објавата на документот на Министерството за правосудство, исто така, доаѓа откако Трамп во вторникот претходно повика на итно поништување на резултатите од претседателските избори во ноември 2020 година, за кои тој и мноштво Американците тврдат дека се украдени во полза на неговиот противкандидат Бајден.

Трамп, исто така, повика на нови претседателски избори поради одликата на FBI да ја „покрие“ аферата со инкриминирачките податоци најдени во лаптопот на синот на актуелниот претседател Хантер Бајден.

Во октомври 2020 година весникот The New York Post објави серија материјали од кореспонденцијата најдена во лаптопот на Хантер Бајден, кој бил најден во продавница за репарирани уреди во сојузната држава Делавер. Сопственикот на дуќанот направил копија од хард-дискот која му ја предал на Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк и личен адвокат на тогашниот претседател Доналд Трамп. Според тогашните написи, записите содржеле конзервација во која Хантер Бајден ги нуди услугите на татко му во период кога Џо Бајден беше потпретседател на претседателот Барак Обама.

Од своја страна, пак, весникот The Daily Mail неодамна пишуваше дека некои фотографии надени во лаптопот укажуваат на тоа дека Бајден помладиот бил вмешан во криминални активности во трговија со дроги, проституција и злоставување малолетници.

„FBI ја закопа сторијата со лаптопот на Хантер Бајден пред изборите, знаејќи дека во спротивно ‘Трамп лесно ќе ги добиеше претседателските избори во 2020 година“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth.

Истакна дека таквите постапки се пример за „измама“ и „мешање во изборите“ на „досега невидено ниво“.

„Решението е да се именува вистинскиот победник или барем да се поништат резултатите од изборите во 2020 година и веднаш да се одржат нови“, предложи Трамп.