
Амабасадорите на земјите членки на НАТО во Унгарија се состанаа во Будимпешта во четвртокот на предлог на американскиот амабасадор за да разговараат за „загриженоста“ поради односите коишто Унгарија го одржува со Русија и покрај војната во Украина во којашто алијанската ја поддржува власта во Киев.
Унгaрскиот премиер Виктор Орбан се сретна во вторникот во Пекинг на маргините од форумот „Појас и пат“ со рускиот претседател Владимир Путин кого ткн колективен Запад се обидува меѓународно да го изолира.
Тоа било главната тема на состанокот, изјавил за AFP портпаролот на американската аамбасада во Будимпешта.
На состанокот присуствувал и амбасадорот на Шведска, кандидат за членство во НАТО. Унгарскиот парламент сѐ уште не го ратификуваше протоколот за приемот на Шведска, возвраќајќи ѝ на скандинавската земја за нејзините блокирања на Унгарија во Европската унија и постојани критики за владата во Будимпешта.
„Сите сме загрижени поради тоа што унгарскиот премиер се сретна со претседателот Путин додека Русија војува со Украина. Загрижува тоа што Унгарија реши да соработува со Кремљ на ваков начин. За нашата загриженост за безбедноста ќе ги известиме нашите сојузници доколку биде потребно“, изјавил за Радио слободна Европа американскиот амбасадор Дејвид Пресмен
Тој го критикуваше Орбан затоа што наместо зборот „војна“ го користи терминот „воена операција“, а уште во вторникот му забележа на унгарскиот премиер дека стои „до човекот чиишто сили се одговорни за злосторство против човечноста во Украина“.
Будимпешта постојано повикува на прекин на огнот и мировен договор во Украина и ја критикува ЕУ за испраќање оружје во Киев со што според неа ја разгорува и продолжува војната наместо да се пристапи кон мировни преговори. Унгарија, исто така, инсистираше на тоа дека антируските санкции ѝ штетат на Европа повеќе отколку на Русија. Во јуни, унгарскиот премиер Виктор Орбан за германскиот таблоид Bild изјави дека победата на Украина на бојното поле е „невозможна“.
Односите меѓу Унгарија и Украина се влошени откако по превратот во 2014 година во Киев беа укинати правата, вклучително и за користење на јазикот како службен во западниот украински регион Закарпатие каде што живеат околу 150.000 етнички Унгарци. Киев особено ја разгневи Будимпешта кога во 2017 година го воведе законот со кој во училиштата се забранува користењето на јазиците на малцинствата, вклучително и унгарскиот.
Унгарските медиуми претходно годинава пишуваа дека во Закарпатие се спроведува најголемата мобилизација од почетокот на руската инвазија ланскиот февруари, којашто се должи според нив на големите загуби во жива сила на Закарпатската 128-ма планинска јуришна бригада во борбите кај Соледар во југоисточната Доњецка област.
Весникот Ripost објави дека украинската безбедносно-разузнавачка агенција Служба за безбедност на Украина (СБУ) им забранува на роднините на загинатите украински Унгарци да ги бараат преку социјалните мрежи и да објавуваат за нивните загинувања. Неодамна унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Унгарците од Закарпатие „жестоко“ и под „притисок“ се мобилизираат во украинската војска, како и дека многумина од нив гинат.
Официјален Киев ваквите објави за угнетување на етничките Унгарците во Закарпатие ги нарекува „продолжение од руската и унгарската пропаганда“ против Украина. Се додава дека ваквите инциденти поврзани со политичари од партијата на унгарското малцинство КМКС ги покажуваат нивните тенденции кон „Голема Унгарија“.
Министерот за надворешни работи Петер Сијарто во март предупреди дека Будимпешта нема да ги поддржи барањата на Киев за влез во ЕУ и НАТО додека овие прашања не се решат.
Унгарија не дава никаква воена помош за Украина и не дозволува оружје да влезе во земјата преку нејзина територија. Сепак, Унгарија ќе има право на вето за тоа дали Украина може да се приклучи на ЕУ и НАТО поради тоа што двете тела бараат едногласна согласност од постојните членки пред да примат нови држави. Спорот за јазичните права е само една од неколкуте спорни точки меѓу Будимпешта и Киев.
Владата на Орбан, исто така, ги осуди напорите на украинската војска да ги регрутира етнички Унгарци во воена служба и ја блокираше воената помош на ЕУ за Украина поради санкционирањето на Киев на една од нејзините банки поради нејзините кредитни активности во Русија. Во поново време, Унгарија го блокираше увозот на украинско жито за да ги заштити своите земјоделци од поткопување, поради што Украина се закани со тужба пред Светската трговска организација.