Како законодавен дом и како народни претставници ги претставуваме токму македонските граѓаните и ги остваруваме нивните задолженија и очекувања коишто треба да се во интерес на севкупната општествена јавност, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во вечерашната дебатна емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
„Веќе подолг период македонското Собрание се наоѓа во хибридна состојба. Изборот и кандидатурите кои доаѓаат од сферата за уставни судии се проблематични и укажуваат на една партизација на одредени меѓу-коалициски комбинаторики за кои немаме доволна транспарентност како парламентарни групи и во сеопштата дебата“, посочи Василевска.
Василевска додаде дека Кацарска самата си го побара местото кое што сметаше дека го заслужила за добро обработената работа со поранешниот премиер и сега вели дека не може да функционира бидејќи не е во полн состав. Таа треба да види и да процени во каков систем и кому му служеше за да дојде сега во оваа ситуација.
Василевска се согласува за функционален Уставен суд, но меѓутоа погледнете ги резултатите. Потребно е да има ресет бидејќи таму треба комплетна ревизија затоа што ги гледаме одлуките и резултатите какви се.
„Како опозиција ги користиме сите демократски алатки со коишто може да ги адресира потребите за револтот и несогласувањето на граѓаните. Во една нетранспарентна политичка игра и во еден мошне хибриден, затворен и нетранспарентен систем на функционирање, секој еден механизам коишто е во наши раце и којшто е демократски е во функција“, заклучи Василевска.