Василевска: Правосудството падна под 0%!

Универзитетската професорка Иванка Василевска со директна реакција за трагичниот настан кој ја потресе Македонија.

Во својата објава, таа јасно посочи дека „милоста за виновникот е суровост за жртвата“ и побара одговорност од сите кои дозволиле да дојде до ваква трагедија.

Со цитатот на Адам Смит, Василевска испрати моќна порака за состојбата на правосудството, кое, според неа, паднало „под 0%“. Таа јасно порача дека овие трагедии не смеат да бидат резултат на системски пропусти и дека е време за вистинска одговорност.

Ова не е првпат професорката Василевска да ја повика јавноста да се соочи со реалноста и да бара промени.