Василевски: СЈО од денес значи Селективно јавно обвинителство

сдсм

Не случајно денеска претставници во СЈО дојдоа во Охрид да покажат сила и страв. Над 17 000 гласови од Охрид за беа за ВМРО-ДПМНЕ, гласови за чиста изборна победа како и во 2014 година. Сметаме дека селективното јавно обвинителство кое имаше задача да ги испита сите околности околу разговорите и криминалите на 2 пати аболицираниот криминалец Зоран Заев, не го спроведува тоа. Снимен со пи мерки бара средство од 1 евро, за црквата 1 е за Вицето. Заев беше аплициран, а денеска доаѓаат обвинителките додека вчера навечер полицијата како во 1946 влегува и тропа во домови барајќи можни осомничени лица. Ние сме членови на ВМРО-ДПМНЕ цел живот сме донирале и ќе донираме, затоа што оваа партија е наша, рече Василевски.

Ова обвинителство мора да  спроведуваат правда а тоа значи да нема селективност.

Ова е револт на охриѓани, на авторитетни граѓани кои донирале за својата партија. Прашувам дали Клинтон ќе поднесе кривична одговорност за нивните донации за партијата ви САД. Секој донирал според можностите и секој и понатаму ќе донира.  Сакам да потенцирам,  јас и Рубен Арнаудов бевме на средба со обвинителките на селективното јавно обвинителство и сметаме дека пречекот го направија со премногу повишен и дрзок тон и затоа ние сега ќе си одиме дома мирно и достоинствено а тие нека се обидат да дојдат во нашите домови. Ние собиравме список на луѓе кои донирале со сопствени средства. Нека ги викаат сите и оние од другата страна. Како СДСМ истера кампања со над 30 милиони евра, ама ако почнат да копаат ќе се види дела тоа се пари на Сорос и од банки на Ал Каеда, додаде тој.

Затоа што се дојдени во Охрид, закличи Василевски, да испитуваат граѓани кои донирале сопствени средства, бараме селективното јавно обвинителство, да испита како брутално е краден нашиот град од политичката болумента на СДСМ. Преку 30 милиони евра. Тука се и секретарот и заменикот и градоначалникот на Охрид, па да ви кажат какви маки ние имаме 4 години од судски решенија како е краден градов. Затоа го викаме ова селективно јавно обвинителство, да е специјално ќе ги опфатеше и тие прислушувани разговори, селективно и тука имаме проблем и се срамам како пратеник во претходниот парламентарен дом што притиснав зелено копче за селективно јавно обвинителство кое работи исклучиво по препорака и притисок на Зоран Заев. Два пати аболициран криминалец кој претендира да ја води државата, а вице да биде гувернер на Народна Банка на Македонија. Едно евро за црквата едно евро за Вице. Нема тој филм да го гледате.