Романскиот претседател Клаус Јоханис во средата ја именуваше социјалдемократската европратеничка Василица Вјорица Данчула на должноста премиерка и таа ќе го замени Михаи Тудосе кој беше принуден во понеделникот да поднесе оставка по судирот со челникот на својата Социјалдемократска партија (PSD), Ливиу Драгнеа, помалку од седум месеци по заминувањето на неговиот претходник.
„По одмерувањето на сите аргументи, одлучив да им дадам нови шанси на социјалдемократите и да ја именувам личноста којашто ја предложија“, изјави претседателот Клаус Јоханис по консултациите со политичките партии.
Данчила би можела да стане првата жена на чело на романската влада, но и трета личност на премиерската должноста во период од последните седум месеци, откако двајцата нејзини претходници ги собори самата Социјалдемократска партија.
Педесет и четиригодишната Данчила, којашто е блиска на моќниот партиски претседател на SPD, Ливиу Драгнеа, кој победи на парламентарните избори во 2016 година, за да стане премиерка, парламентот траба да ѝ изгласа доверба, што се чини многу веројатно поради мнозинството на социјалдемократите и нивните сојузници во парламентот.
Данчила, инаку, е потпретседателка на Комисијата за земјоделство и рурален развој на Европскиот парламент.