![кјлк](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/k-lk.jpg?resize=666%2C447&ssl=1)
Песни од најдобрите музички поп легенди во целосно нови симфониски аранжмани, ќе бидат дел од програмата на утрешниот гала концерт по повод празникот Василица, со кој Националната опера и балет (НОБ) ќе ја почне сезоната 2020.
На традиционалниот концерт, насловен „Легенди“ („Legends“), ќе настапат солисти, оркестарот и хорот на НОБ под диригентство на Бисера Чадловска.
Националната опера и балет, како што стои во објавата на нејзината фејсбук страница, најавува вистинско и незаборавно уживање за публиката.
Концертот ќе има две изведби, на 12 и 13 јануари, од 20 часот.