САД и Јужна Кореја имаат намера одлучно да ја казнат Северна Кореја доколку продолжи со „провокациите“, изјави вршителот на должноста јужнокорејкси претседател Куа Хван Ан по средбата со американскиот потпретседател Мајкл Пенс кој, пак, порача дека трпението на Вашингтон е потрошени и дека сите опции се на масата.
Ден по неуспешното севернокорејско тестирање на балистички проектил, американскиот потпретседател Мајк Пенс порача дека периодот на американската стратегија на стрпливо чекање завршил.
„Имаше период во кој нашата стратегија беше стрпливост, но тој период заврши. На масата се сите опции за постигнување на целите и обезбедување на стабилноста на народот во таа земја“, изјави Пенс.
Американскиот потпретседател, чијшто татко се борел во Корејската војна од 1950 до 1953 година и којашто технички сé уште не е завршена со потпишување мировен договор, истакна дека САД ќе останат доследни на својот „челичен сојуз“ со Јужна Кореја. Според Пенс, американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека нема да разговара за специфичните воени тактики.
Потпретседателот се наоѓа на својата прва станица од турнејата по Азија во којашто на американските сојузни, како и на ривалите, треба да им покаже дека администрацијата на претседателот Трамп нема да се откаже од ангажирањето во овој регион каде ситуацијата станува сé потензична.
Пенс со хеликоптер допатува во воениот камп „Бонифас“, сместен на само неколку километри од демилитаризираната зона меѓу двете Кореи. Оваа зона е широка четири километри и појасот меѓу двете земји е прекриен со нагазни мини и бодликава жица.
Тензиите кои силно се зголемија последните седмици меѓу САД и Северна Кореја која тестираше неколку ракети како одговор на испраќањето на ударната борбена група американски бродови предводени од носачот на авиони на нуклеарен погон „Карл Вилсон“ кон Корејскиот полуостров.
Пенс последниот неуспешен ракетен тест, за кој, пак, Пјонгјанг тврди дека биле успешен, го нарече „провокација“ обраќајќи се пред околу 28.500 американски војници кои се постојано, како бројка, стационирани во Јужна Кореја.
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот предупреди дека Вашингтон ќе се занимава со „севернокорејскиот проблем“ и ќе го оневозможи режимот на тамошниот водач Ким Џонг-ун да развие интерконтинентална балистичка ракети кои би можеле да ја достигнат американската територија.