Вашингтон им предлага на Палестинците конфедерација со Јордан

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас (Л), и палестинскиот претседател Махмуд Абас

Американски советници коишто работат на мировниот план меѓу Израел и Палестинците, му предлагаат на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас конфедерација со Јордан, изјавила функционерка на една израелска невладина организација по средбата со Абас, пренесува во неделата агенцијата AFP.

Во текот на средбата со израелските активисти за мир во Рамала, палестинскиот челник навел дека разговарал со советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер и со специјални претставник на американскиот претседател за Блискиот исток, Џејсон Гринблат, изјавила Хагит Офран од невладината организација „Мир сега“.

Таа пренела дека Абас им рекол на американските фунцкионери дека ги интересира идејата за конфедерација, но единствено со учество на Израел, што е индиректно одбивање бидејќи Израел никогаш нема да се согласи со овој предлог, додала Офран.

Палестинските власти официјално ги прекинаа сите контакти со САД откако претседателот Доналд Трамп на почетокот од декември го потпиша законот донесен од Конгресот пред две децении со кој се признава Ерусалим за израелска престолнина.

Кабинетот на Абас потврдил дека се одржал состанот во неделата со израелските активисти за мир, но не и изјавите за предлозите за конфедерација со Јордан.

Дел од израелската десница во воспоставувањето на палестинско-јорданската конфедеранција гледа начин за избегнување на воспоставвуањето независна палестинска држава и ослободување на одговорсноста кон 3,5 милиони Палестинци коишто сега живат на Западниот брег (од реката Јордан), територија којашто според меѓународната заедница е окупирана од Израел во ткн „Шестдневна војна“ од 1967 година.

Палестинските челници ја осудуваат надворешната политика на американскиот претседател Трамп, коишто ја сметаат за произреалска. Неговата администрација во петокот најави и прекинување на финансирањето на агенцијата за помош на Палестинците при Обединетите нации – UNRWA, а една седмица порано Вашингтон ја пренасочи и помошта за Палестинците во износ од 200 милиони долари.