„Вашингтон Капитолс“ на чекор до првиот Стенли Куп во историјата

Хокеарите на „Вашингтон Капитолс“ се на чекор од освојувањето на својот прв Стенли Купот откако ноќеска  на домашен терен ги совладаа „Вегас Голден Кнајтс“ со 6:2 и  поведоа со 3-1 во финалето на НХЛ.

Петтиот натпревар се игра во четврток во Лас Вегас, а тимот од Вашингтон во својата 43-та сезона во најсилната хокеарска лига никогаш не биле поблизу до освојувањето на Стенли Купот. Единствениот пат кога беа во финалето во 1998 година беа поразени од „Детроит Ред Вингс“.

 

Домаќините го издржаа жестокиот старт на хокеарите од Вегас, кои имаа неколку добри шанси да постигнат гол, но до крајот на првата третина примија три гола, па натпреварот практично тогаш беше решен. „Вашингтон“ и во вториот период не прими гол, а даде два за убедливо водство. Третата третина заврши нерешено 2:2.

Да се биде само на една победа до титулата, тоа е најтешко, изјави Александер Овечкин, кој би можел да стане првиот Рус, кој како капитен на една екипа ќе го освои Стенли купот.

„Витезите“ од Вегас, кои се вистински хит на лигата, загубија само три натпревари во првите три круга од доигрувањето, а сега има три порази по ред. Единствениот тим во историјата на НХЛ, кој успеа да стане шампион по 3: 1 во финалето, беа „Торонто Мејпл Лифс“ во 1942 година.