Хокеарите на „Вашингтон Капитолс“ за прв пат во историјата го освоија Стенли Купот. Тие во петтиот натпревар од финалето на НХЛ лигата во Вегас ги победија домашните „Голден Кнајтс“ со 3:4 (0:0, 3:2, 0:2) за конечни 4:1 во серијата.
Екипата од Вегас, која беше хит во својата дебитантска сезона имаше само три порази во плеј-офот до пред финалето, каде изгуби четири натпревари по ред. „Вегас Голден Кнајтс“, тим составен од „отпадници“ во лигата тргна со победа во првиот меч на домашен терен. Тие и вчера добро тргнаа и по првиот период без голови, ја освоија втората третина. Сепак, „Капитолс“ не примија гол во послениот период, а дадоа два за голема победа.
Александер Овечкин стана првиот Русин, капитен на клуб од НХЛ, кој го подигна пехарот на Стенли Купот. Овечкин е избран за МВП на доигрувањето, во кое постигна 15 гола и 12 асистенции, а беше стрелец и во финалниот меч.
Ова е исто така првата професионална титула во еден од четирите големи спортови за некој тим од Вашингтон во изминативе 26 години, откако рагбистите на „Вашингтон Редскинс“ го освоија Супер Боул.