Ватикан барал од Пендаровски да се догради споменикот на Мајка Тереза на Плоштад Македонија

Ватикан бара споменикот дивоградба на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија во Скопје да се доизгради, а спомен куќата на улица Македонија да биде управувана од Католичката црква. Ова било побарано од претседателот Стево Пендаровски при посетата на Ватикан на 24-ти мај годинава, на одбележувањето на споменот на светите Кирил и Методиј, пишува СДК.

Од кабинетот на Претседателот за „Сакам да кажам“ потврдуваат дека на средбата со државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, биле отворени одредени прашања поврзани со статусот и правата на верниците од католичка вероисповед од земјава, непрецизирајќи што конкретно било побарано.

Пендаровски за барањата од Ватикан го известил Министерството за надворешни работи од каде што деновиве било испратено писмо до Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар.