Преставници на Ватикан и Палестина денеска потпишаа договор околу правата на Католичката црква на палестинските територии.
“Ватикан и Палестина потпишаа историски договор околу правата на Католичката црква на палестинските територии”, стои во соопштението објавено од Ватикан.
Договорот го потпишаа секретарот на Ватикан за односи со државите (Министер за надворешни работи) и палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики, пренесува Hina.
Со оглед на фактот што Ватикан од 2013-та година се изјаснува со поимот “Палестинска држава”, Палестинците оценуваат дека овој потпис на договорот е de facto признавање на нивната држава, што предизвикува незадоволство во Израел.
Фото: Aljazeera