Ватикан го информирал Пекинг дека поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск сака да се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг, додека двајцата престојувале во престолнината на Казахстан, но Пекинг одговорил дека за тоа нема доволно време, рекол за Reuters во четвртокот ватикански извор.
Соговорникот на агенцијата не дал никакви поединости за тоа како или кога Ватикан му се обратил на Пекинг со кој е вклучен во чувствителен дијалог за статусот на Римокатоличката црква во Кина.
И папата Франциск и претседателот Кси во средата престојуваа во казахстанската престолнина Нур-Султан (Астана). Кинескиот челник таму престојуваше во официјална посета, а папата учествуваше на Конгресот на светските религиски водачи.
Средбата на Светиот отец и кинескиот претседател, колку и кусо да траеше, ќе претставуваше историско момент.
Во разговорите со новинарите кои го следеа на летот во споменатата централноазиска земја во вторникот, папата Франциски бил прашан дали би можел да се сретен со Кси во Нур-Султан. Папата скромно одговорил „Не знам ништо за тоа“, без дополнителни појаснувања.
На прашањето кога би бил подготвен да патува во Кина, Папата одговорил „Секогаш сум подготвен да одам во Кина“.
Папата Франциск се обидува да ги подобри историски лошите односи меѓу Светата столица и Пекинг, и во интервју за Reuters во јули година рече дека се надева да го обнови тајниот и дискутабилен договор за именувањето на римокатоличките бискупи во Кина.