Продолжи традиционалната активност со која Клиника Жан Митрев додели уште 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за семејствата кои имаат новороденче во Општина Центар. Доделувањето ваучери за бесплатен преглед е дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар.
Бесплатниот преглед опфаќа целосен преглед на новороденчето од специјалист педијатар во Клиника Жан Митрев и советување на родителите за понатамошна нега. Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да одберат термин кој најмногу им одговара и да закажат преглед за своето бебе. Бројот за закажување прегледи е 02/3091-484.
Целта за овие бесплатни прегледи е намерата на Клиника Жан Митрев да придонесе за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и да ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.