Швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка се закити со својата прва грен слем титула. Тој во финалето на првиот грен слем турнир Австралија опен го совлада светскиот тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал со 6:3,6:2, 3:6, 6:3.
Надал во финалето влезе како голем фаворит, но за време на мечот се пожали на повреда на грбот. Меѓутоа, не го предаде натпреварот, напротив успеа да освои и еден сет. Надал и покрај тоа што го загуби натпреварот води во меѓусебните дуели со Варинка со (12:1). Вавринка е првиот тенисер по подолго време кој на Австралија опен ги победил првиот и вториот носител на турнирот.
Надал по поразот во финалето не успеа да се изедначи со рекордот на Американецот Пит Сампрас, кој во својата кариера освои 14 грен слем титули. Шпанецот до сега има освоено 13 титули, а само еднаш го подигна пехарот на Австралија опен во 2009 година.