Важна е само победата, оцени Кејн по мечот со Србија

Се мачевме, но единствено важна е победата, изјави капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн по победата над Србија (1:0) во неделата на Европското првенство.

Фудбалерите на Англија во натпреварот од 1.коло од групата Ц на ЕУРО во Гелзенкирхен ја совладаа Србија со 1:0 (1-0), а победничкиот погодок го постигна Џуд Белингем уште во 13 минута.

„Генерално, ова е заслужена победа. На крајот на краиштата, се работи само за минување на групата. Имаше многу борба во второто полувреме кога се втаборивме на својата половина и ни беше тешко да излеземе, но ова беше многу важна победа вечерва. Неверојатниот Џуд Белингем нѐ спаси од поголеми проблеми”, рече Кејн.

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ изјави дека неговиот тим одиграл добро и можеби заслужил малку повеќе на вечерашниот натпревар против Англија.

!Мислам дека одигравме добар натпревар, можеби заслуживме малку повеќе, но ова беше многу добро второ полувреме. Во вториот дел се разбудивме и тргнавме поофанзивно. Ни недостигаше тоа последно додавање, малку од онаа креативност, покажавме заби. Одигравме добар натпревар, во вториот дел доминиравме и бевме подобри, но не успеавме да постигнеме гол“, рече Митровиќ.