![мигранти](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/migranti-2.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Во текот на вчерашниот ден не се издадени нови потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, сооптштуваат од МВР.
Од 1 јануари до 11 март оваа година се издадени потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.
До Секторот за азил од почетокот на годинава до 11 март барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa, од кои 22 од Сирија и седум од Авганистан, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.