![boks](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/boks.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Во текот на вчерашниот ден се случиле два напади во Скопје, во првиот пред сендвичарата „7-ца“ бил претепан малолетник, а во вториот насилници со шипки нападнале скопјанец во неговиот автомобил.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 22 часот, 17-годишниот И.С. бил нападат од неколку лица пред сендвичарата „7-ца“ во Скопје.
И.С. успеал да влезе во сендвичарата, но насилниците влегле по него и повторно физички го нападнале, при тоа заманувајќи со нож кон него. По преземени мерки едно лице е приведено, се работи на целосно расчистување на случајот.
Истиот ден, половина час пред полноќ, додека се возел, насилници го нападнале 26-годишниот Ј.Ф. од Скопје.
Насилниците ја отвориле вратата од возилото во кое се наоѓал оштетениот и со шипки и стапови почнале да го удираат по главата и телото.
По преземени мерки и активности од страна на скопската полиција утврден е идентитетот на две лица Д.В.(26) и Ј.М.(20) двајцата од скопското село Сарај.
Полицијата работи на расчисти двете насилства.