Вчера се изгасени 24 пожари, активни се три

Активни се 3 пожари, а вчера имало вкупно 27, информира изутринава Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде што е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново каде што гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес со зафатени борова шума и сува трева.

ЦУК соопштува дека се изгаснати 24 пожари, во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани,  Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар.

Пожарите биле на локации со сува трева, ниска шума, стрништа, депонии…