Вчера се вакцинирани 14.976 граѓани

Од МЗ известуваат дека вкупно се аплицирани 160.425 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 лице.

Вчера вкупно се вакцинирале 14.976 граѓани, а прва доза вакцина примиле 13.976 граѓани.

Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 318.793 граѓани.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk , бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да добијат термин за вакцинација.