Во Турција вчера се уапсени 11 полициски службеници за илегално прислушкување на премиерот Ердоган, а полското обвинителство вчера отвори истрага за илегално снимање на приватните разговори на министерот за внатрешни работи и гувернерот на централната банка во еден ресторан во главниот град минатата година- скандал кој довде до повик за оставка на премиерот на владата Доналд Туск.
Турските безбедносни сили вчера уапсиле 11 полициски службеници во рамки на судската истрага која се однесува на илегално прислушкување на премиерот Реџеп Таип Ердоган, пренесоа медиумите.
Овие функционери се уапсени во своите домови во градовите Анкара, Карабук и Јозгат. Осомничени се дека сокриле уреди за снимање во канцеларијата и службеното возилот на шефот на владата. Меѓу осомничените кои се уапсени се наоѓаат и поранешни официјални лица на елитната полициска единица задолжена за безбедност на Ердоган.
Полското обвинителство покрена истрага за илегално снимање на приватните разговори на министерот за внатрешни работи и гувернерот на централната банка во еден ресторан во главниот град минатата година- скандал кој довде до повик за оставка на премиерот на владата Доналд Туск.
„Одлучивме да отвориме истрага“ потврди портпаролката на обвинителството во Варшава, Рената Мазур.
Снимаката е направена во јули во ресторанот „Овл и пријателите“ познат меѓу високите политички претставници по тоа што овозможува приватност на разговорите, а објавен во сабота во магазинот „Впрост“.
Се работи за приватен разговор на министерот за внатрешни работи Бартоломеј Сјенкевиќ кој се обидува да го убеди гувернерот Марек Белк за бројни теми, од буџетскиот дефицит, коментирање на министерот за финансии и други.
Мазур навела дека истрагата е отворена на барање на министерот Сјенкевиќ кој се „смета за жртва“. Во Полска, секој вклучувајќи ги и новинарите кои кориситат прислушкување за да обезбедат неовластен пристап до информации, може да биде осуден на до две години затвор.
Туск ги отфрли повиците дека неговата влада или министерот за внатрешни работи, поднесат оставка велејќи дека никој кој се споменува на снимките не го прекршил законот и ги обвинил оние кои прибегнале кон недозволено снимање дека се обиделе да изведат државен удар.
Белка вчера навел дека не планира да поднесе оставка заради псовките кои се слушале на снимката кога ги опишувал колегите кои дискутирале за отстранување на министерот за финансии Јацек Ростовски.
Притисокот на Белки да поднесе оставка е намален бидејќи Туск изјавил дека гувернерот не направил криминал и дека изразил искрена желба да и помогне на Полска.
Останало нејасно кој го снимал разговорот, иако полската разузнавачка служба идентификувала бројни луѓе кои би можеле да бидат поврзани со снимање и ги претресла локациите за да дојде до доказ, навел портпаролот на агенцијата Мачиеј Карчински.