ВЦИОМ: Пад на довербата на Русите во Путин на 78 отсто

Нивото на доверба на Русите во претседателот Владимир Путин во текот на седмицата која завршува е намалено за 0,2 процентни поени и изнесува 77,9 отсто, покажуваат податоците на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) објавени во петокот, пренесува агенцијата ТАСС.

„На прашањето за довербата во Путин позитивно одговорија 77,9 отсто од учесниците во анкетата (минус од 0,2 процентни поени на седмично ниво), новото на одобрување на активностите на претседателот изнесува 74,3 отсто (плус од 0,2 процентни поени од минатата седмица)“, се наведува во објавата на институтот.

Во истиот период работата на руската влада ја одобруваат 49,1 отсто од испитаниците, што претставува раст од 1,1 процентен поен, додека работата на премиерот Михаил Мишустин позитивно ја оцениле 52,7 отсто. Доверба во Мишустин изразиле 61,5 отсто од испитаните Руси, односно за 0,3 процентни поени повеќе отколку минатата седмица.

Испитаниците, исто така, ги искажале и својот однос кон челниците на парламентарните руски партии. Така, рејтингот на претседателот на Централниот комитет на Комунистичката партија, Генадиј Зјуганов се зголемил за 2,1 отсто во однос на минатата седмица и сега изнесувал 32,5 отсто, додека лидерот на партијата „Справедлива Русија…“ Сергеј Миронов ужива доверба од 31,4 отсто, што е раст од 1,8 отсто во однос на минатата седмица. Пад на рејтингот бележат лидерите на партијата Нови луѓе, Алексеј Нечаев од 2,2 отсто и оваа седмица бил на нивото од 8 отсто, како и шефот на Либерално-демократската партија, Леонид Слуцки кој ужива доверба од 15,9 отсто, за 0,3 отсто помалку отколку во истото истражување пред седум дена,

Пад на довербата на седмично ниво од 0,5 отсто бележи и владејачката Единствена Русија но сѐ уште е највисок и изнесува 37,7 отсто, ја следи Комунистичката партија со 10,7 отсто со незначително намалување од 0,3 отсто, партијата Нови луѓе има непроменет рејтинг од минатата седмица со 4,49 отсто, како и Либерално-демократската партија која ужива доверба од 8,5 отсто, а мало зголемување на довербата бележи Праведна Русија која ужива доверба од 6,2 отсто во анкетата.

Истражувањето на јавното мнение било спроведено од 28-ми ноември до 4-ти октомври меѓу 1.600 полнолетни Руси.