Јулија Навална, вдовица на рускиот опозициски активист Алексеј Навални, во понеделникот изјави дека ќе се кандидира на претседателските избори во Русија откако Владимир Путин повеќе нема да е на власт.
Во интервју за BBC, Навалнa беше прашана дали може да ја замисли својата кандидатура на руските избори.
„Кога ќе дојде време, ќе учествувам на изборите, како кандидат. Мојот политички противник е Владимир Путин“, вели Навална.
Јулија Навална моментално ја промовира наводната автобиографија „Родољуб“ на нејзиниот покоен сопруг, кој почина во руската казнена колонија на почетокот на годината. По почетокот на безуспешните излети во политиката како жесток руски националист кој бараше протерување на сите не-Руси до либерален антикорупционер, Навални на западот беше доживуван како еден од најжестоките критичари и противници на Путин.
Пред повеќе години беше осуден условно за корупција, а затворската казна му беше одредена поради непочитување на судската одредба за редовно јавување во судот откако се врати од Берлин каде беше на лекување од наводно труење во Русија коешто му го овозможија руските власт. Но тогаш Јулија не се врати со него, и никогаш не го посети во затворот иако против неа тогаш немаше никаков кривичен предмет, што наиде на жестоки критики од семејството Навални.
По неговата смрт, неговата сопруга најави дека ќе ја продолжи неговата опозициска работа од егзил, што исто така беше критикувано од некои од најблиските соработници на Алексеј Навални.
Околностите за смртта на Навални не се разјаснети, но неговата вдовица го обвини претседател Путин за „неговото убиство“.
Навална, која живее во странство, рече дека не може да се врати дома сѐ додека Путин е на власт. Но, таа рече дека со нетрпение го очекува денот, „кој несомнено ќе дојде, кога ќе заврши ерата на Путин и кога Русија повторно ќе се отвори“.