
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски на денешната собраниска седница побара точката 2 да се тргне од дневниот ред, а тоа е избор на заменик на народниот правобранител и при што мисли дека овој предлог што е доставен од народниот правобранител е несоодветен во смисла што е и не навредува нас како Собрание.
-Ова го кажувам затоа што народниот правобранител предлага за заменик на народниот правобранител да се избере Соња Трифуновска, дипломиран правник од Тетово. На 123 седница која е одржана на 12 декември оваа Собрание има гласано по предлогот за Соња Трифуновска да биде за заменик на народниот правобранител, значи за пред месец време ова Собрание се има изјаснато , и што се сменило за месец дена народниот правобранител да предложи повторно истото лице, кажа Вељановски.
Тој во своето обраќање рече дека не е коректно од народниот правобранител што ни предлага исто лице кој што го предложил претходно и пред месец време самото Собрание се изјаснило дека не е избран.