Веапоска на КАРИЛ дознала дека и’ се извадени органите

Јлдз Веапоска, медицинската сестра на која и беа извадени три органи изјави дека докторот Мухамед Асани и ја водел целата бременост и дека се било во ред. Асани ѝ кажал дека и втората бременост ќе ја заврши со царски рез, како и првата.

– Сфатив дека нешто се случува со мене 12 часа по операцијата кога имав големи болки, подуен стомак и докторите ми кажаа дека тоа е нормално зошто ми била втора бременост и така бев оставена 5 дена во  болки и ниту еден доктор не ми направи ехо. Сакаа да ме испратам дома – вели Веапоска за ТВ 24.

Таа истакна дека не прифатила да оди дома, и била задржана во болница. Откако била отпуштена, а стомакот постојано и бил надуен и не се чувствувала добро. Во отпусното писмо не пишувало дека се вадени органи. Докторот напишал дека се породила со женско дете, но не пишува ништо за органите. Таа вели дека во КАРИЛ дознала дека и се извадени органите.