Веб-страната на Владата нападната од хакери, не е во функција

Веб-страницата на Владата во моментов не е во функција. Од таму тврдат дека страницата е цел на констатни хакерски напади.

Во моментов е недостапна за јавноста и не е јасно кога повторно ќе биде во функција.

„Интернет-страницата на Владата е под константни хакерски напади. Една од главните причини е слабата заштита наследена од претходно, иако биле потрошени десетици илјади евра. По констатирање на состојбата и увидување на проблемот, се работи на надминување на проблемот со цел страната на Владата да биде соодветно заштитена, соодветно и интернет-страниците на сите министерства“, велат од Влада, пренесува „360 степени“.

„Веб-страницата наиде на неочекувана грешка. Обидете се повторно подоцна“,стои во пораката која се појавува.

На прашање од 360 Степени до Владата, зошто страницата не функционира, дали станува збор за технички проблем или пак за хакерски напад, одговориле дека интернет страницата е под константни хакерски напади.