„Вечер“: Од Вечер до кодошот Милчин

Од „Вечер“ до кодошот Милчин
Од „Вечер“ до кодошот Милчин

Весникот „Вечер“ и „Сител“ неколку денови објавуваат резултати од свои истражувања за активности на фондацијата Отворено општетство Македонија, или фондација Сорос. Од објавеното, поткрепено со документи, снимки и изјави, видно е следното, објави весникот „Вечер“.

1. Фондацијата Сорос е 20 години водена од високи партиски функционери на СДСМ, пред се од извршниот директор Владимир Милчин, долгогодишен член на извршниот орган на Социјалдемократите. (Видно од архива на органи на владење во СДСМ).

2. Фондацијата Сорос финансира проекти кои се од политички интерес и во функција на кампањи на СДСМ, почнувајчи од времето на транзицијата и приватизацијата од 1995 година (видно од пишувања на нивни акативисти, новинари, функционери и соработници, а објавувано на А1 телевизија и други ним блиски медиуми, плус и рекламни кампањи за поддршка на транзицијата). Кон ова и многу отворени политички кампањи финансирани од Сорос за потреби на СДСМ кои, во континуитет, траат од 1995 до денес, заклучно со заедничкиот митинг и протестите на 17 мај годинава.

3. Финансирање медиуми кои, по дефиниција и без исклучок, одработуваат политика и пропаганда за потреби на фондацијата Сорос и СДСМ, почнувајчи од А1 Телевизија, основањето на тогашен Дневник – поддржан во основањето со пари од Сорос и Министертвото за внатрешни работи водено од Фрчкоски… и завршувајќи со денешните Слободен Печат и срамните појави на инквизиторите од Либертас, Доказ, Мактел и уште десетици слични инцестни партиско-соросоидни појави.

4. Создавање лажни, фиктивни невладини организации на кои им се исплаќаат пари за сосема други цели. Доказ: документи и теренски снимки за вашата “невладина организација” од Кавадарци сместена на непостоечка адреса во карабина, која е само една од низата такви.

5. Соработка со исламски фанатици и екстремисти. Доказ, случај Рамадан Рамадани, член на Извршниот одбор на Сорос фондацијата, што е видно од вашиот сајт… а неговиот статус оценет од американскиот Стратфор и домашните институции како ИВЗ, ДПА…

Искуството и виденото од јавноста во изминитаиве над 20 години од активностите на фондацијата Сорос не се пренесуваат на вака мал простор. Сме ги видиеле сите, ги има во колетивното паметење на Македонија, и јасно е кој сте и, особоено, што сте вие.

Извршниот директор на Сорос фондацијата до јуни годинава, и долгогодишен функционер на СДСМ Владимир Милчин објави коментар, на својот приватен фејбук профил во кој се обидува да ни покаже и докаже дека тој не бил тој, фондацијата не е таа што ја гледаме, а историјата не е таа која сме ја живееле лично и персонално, туку некоја друга само нему позната, и само од оние кои се на неговите платни списоци прифатлива, и прифатена.

Вечер, во принцип, не полемизира со приватни мислења објавени на приватни Фејсбук профили но, оваа содржина ја објави еден од нивните соросидни портали, по што таа станува јавна информација која го спомнува Вечер, и по што следи кус одговор.

1. Околу фактите за кои Милчин тврди дека се поинакви: погледнете ја сопствената листа на активности, членови на извршен одбор и активисти, и ќе ги најдете и сестрата на Радмила Шекеринска, и Мерсел Биљали, и Мирослав Грчев… и синот на Ѓорѓи Спасов и нивната агенција Прогрес… уште полесно ќе најдете во архивит на Вечер изјави за акцијата на Сашо Орданоски за неговото насилно преземање на Транпарентност од Слаѓана Тасева која тој, а не ние, ја опишува како кримоген тип која ја приватизирал Трнспарентност.

2. Ние лично сме биле со Арбен Џафери на терен во 1995 година, и нивните судири и тепачки во Речица, и сме гледале како ваши активисти работат за ПДП против ДПА. Сме пишувале за тоа, а на Сител се објавени барем десет изјави и прилози во врска со ова, меѓу кои и изјави на Арбен Џафери дадени во емисијата Профил.

3. Околу вашето мешање во партијата, смената на Бучковски и вашите активности за поставување на Шекеринска за шеф на партијата СДСМ… постојат барем двеста сведоци, како и стенограми, од конгерсот на СДСМ на кој вие лично зборувате и констатирате дека партијата (Бучковски) ја водат ликови заглавени во криминал, и агитирате за избор на Радмила Шкеринска за претседател, што потоа и се случи.

4. Околу вашата соработка со фабриката за државни удари Канвас од Белград, обајвени се документи, меморандум со распоред на предавања за обука на луѓе за улични демонстрации кои ги вршат експерти од Канвас, три години наназад.

На тие документи јасно стои лого со поддршка на обуката од страна на фондацијата Сорос од Македонија. Овие документи се објавени два пати годинава на Сител, а не ги демантиравте. Објaвена е и репортажа од местото на обука, хотел Романтик во Велес.

5. Кога немате аргументи за содржината, согласно вашите тврди комунистички принципи и пропаганда видливи на секој чекор од вашето делување, вие се обидувате да го дискредитирате авторот, Ивона Талевска, главен уредник во Вечер и новинар, заменик главен уредник во Сител. Ја нарекувате Ивонче Милионче, фраза извадена од вашиот следбеник Ацо Кабранов кој гувее на сајт со содржини од област на политичка порнографија.

Да расчистиме, аферата за тоа дека Ивона Талевска примила милион евра за тендер не постои. Измислена е од ваша страна заради дискредитација на новинари, согласно старите комунистички клишеа за заплашување и политичко, јавно убивање на противниците.

Никогаш, никаде, Ивона Талевска нема потпишано договор за тендер со никого! Никогаш не примила пари од ниту една јавна или државна институција.

Дури и во аферата за фирмата Визарис која ја отворивте, а ја поврзувате со Ивона Талевска, нема никогаш и никаква исплата на пари, особено не на милион евра ниту кон таа фирма, ниту кон нејзините основачи… особено не кон Ивона Талевска.

Накусо, лажете! Како што секогаш тоа сте го правеле. Но, кога човек има пет милиони евра годишно од својата фондација на располагање да ги дели наоколу, тогаш на неговите лаги многумина веруваат, пред се за да бидат во списокот за поделба на парите.

6. Господине Милчин, да го употербиме вашиот речник и метод. Вие сте општествен паразит. Гнида со сталиновски мустаќи, што би рекле скопјани, која со децении живее од кодошење на сопствен народ, паразистко цицање странски пари за да се плука и разбива сопствена држава и институции, окружен со транстветсити, уличари, лузери кои не се докажале никаде освен на вашиот платен список… јадна и морбидна дружина.

Како режисер ја минавте кариерата во гнев, живеејќи во злоба, јад и завист кон Слободан Унковски и Љубиша Гергиевски со кои, исто така, постојано бевте во кавги и тензии.

Како човек завршувате сами, шетајќи ги своите кучиња по кејот, мизерен мрачен лик од средновековието зад кој стојат трагедии и загубени животи во вашата театарска група Зелена гуска, а ве дружат само оние кои сте ги платиле од својата фондација.

Потрошивте 100 милиони евра на вашите следбеници, а велите дека денес Македонија не е демократска држава. Па нели 100 милиони потрошивте за тоа, каде се парите и резултатите… или, демократска е само кога СДСМ е на власт. Извештаите на НАТО, Европската унија… со години говорат спротивно но, кога фактите биле за вас употребливи.

Никогаш.

Вие сте кодош, господине Мичин. Осуден кодош. Осамен, трауматизиран мрачен лик од комунизмот. Кодош, кој се обидува да ги извалка другите за да не биде поинаков од нив.

Но, поинкави сме. Колку и да отварате афери, поттикнувате насилства врз нас, не кодошите кај дипломатите, плаќате активисти да се тепаат по улици и уриваат институции, колку и да навредувате и да се заканувате заедно со вашиот трансвестит Кабранов, насилникот Фрчкоски и остатокот од вашата платена соросоидна банда… секогаш ќе бидеме различни.

Ова е прво и последно наше обраќање до вас, госодине Милчин. За демократија, слобода, јавност, медиуми… не се разговата со паразити и кодоши.

Редакција Вечер