![sneg-pada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/sneg-pada.jpg?resize=660%2C330&ssl=1)
Врнежи од снег со среден интензитет во моментов се бележат во Маврово, а со послаб интензитет во Дебар, Крушево, Кичево, М.Брод и на планинските превои Плетвар и Стража, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Во Битола врнежите се од дожд и снег.
Метеоролозите најавуваат можност вечерва снег да провејува и во Скопје со послаб интензитет.
Утрово најстудено беше во Маврово -11 степени. ВО Прилеп и Битола околу 6 степени под нулата а во Скопје -3.
Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, ќе има и повремено провејување на снег, особено во североисточните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Потоа следува период на суво и студено време со ниски утрински и дневни температури.