Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва има состанок на кој раководството на партијата разговара за актуелните состојби во земјата.
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, веќе истакна дека нивните пратеници нема да поддржат уставни измени.
Извршниот комитет освен за актуелната состојба во државава ќе разговара и за текот на гласањето на 30-ти септември, за сите неправилности и нерегуларности кои се евидентирани тој ден.
Во однос на предвремените избори, ВМРО-ДПМНЕ излезе со свои барања – 100 дена претходно да има влада според Пржинскиот модел.