![sase_thumb_medium500_316](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/sase_thumb_medium500_316.jpg?resize=500%2C316&ssl=1)
Уривање на институциите, од судски, владини, новинарски, невладини… и создавање улични институции под форма на форуми или пленуми е во тек, и тоа секој може да го види и да се загрижи – институциите работат според закон и човек знае што го чека и кои права ги има, а уличните квази институции не работат по ниту еден закон туку, напротив, по своја проценка или воља и секој е или може да биде нивна жртва без право на одбрана или без оглед на фактите или вистината. Создавањето лажни институции, улични групи кои стануваат судии, обвинители, експерти по секоја тема и во секоја прилика… подразбира и создавање лажни новинари, пишува „ВЕЧЕР“.
Лажните новинари треба да вршат напади, навреди, клевети, фалсификати и обвинувања со пресуди без судење на секого кој е против соросоидите, проектите на Заев и нивните соработници скриени во уличните институции и лажните невладини организации.
Лажни новинари за потреби на соросоидите и уличната герила на Заев и Милчин, има многу. Прв на листата е Саше Ивановски кој самиот себе се претставува како Саше Политико, новинар и уредник на сајтот Мактел.
СДСМ и соросоидите велат дека е новинар, а и тој самиот јавно за себе тврди дека е тоа за да влегува на прес-конференции на кои влегуваат новинари од легални редакции, и од постоечки, а не фиктивни медиуми. На тие јавни настани тој е задолжен за инциденти, навреди и скандали за потреби на неговите од улица.
Неодамна некој го тепал тој Саше Ивановски, а СДСМ и соросоидите од тоа создаваа случај дека е тоа насилство врз новинар. Му дадоа политички карактер на тоа. Го употребија за својата улична демократија, и го ставија во функција на своите потреби.
Нормално, кога се интересите на соросоидите во прашање, а тоа е широка и моќна мрежа за политички криминал, се вклучија и нивните меѓународни контакти. Пресудата од улица беше: во Македонија тепале новинар, и нормално за тоа е виновна владата.
Но, тој Саше Ивановски не е новинар. Тоа е измама, или превара за политичка употреба. Човекот лажно се претставува, како што лажно тврди дека неговиот личен сајт Мактел е информатовно гласило. Ништо од тоа не е точно.
Имено, на две судски рочишта на кои лицето Саше Ивановски за кое овде станува збор е тужен за клевета, тој лично изјавува дека – не е новинар, а сајтот е личен сајт, а не информативно гласило.
Во прилог објавуваме копија од неговата изјава, како и изјава за истото од неговиот адвокат дадена во вториот судски процес. Званична изјава дадена пред суд.
Ова е само последен прилог на уличната политика која се води од страна на соросоидите, а се користи СДСМ за нивни потреби како нивна алатка.
Затоа, сега и во иднина, кога се зборува за тоа лице кое лажно се претставува за новинар, имајте на ум дека се работи за измамник. Како човек кој лажно се претставува дека е судија, лекар или адвокат. Уште од неговото претставување почнува неговата измама и криминал, а се потоа и понатаму е логична последица на ова.
Наместо Саше Политико, тој е Саше Превара, пишува ВЕЧЕР.