Вечерва инспектори на УЈП влегле на настанот на Боки 13 и Лазаров

Радио Лидер објавува дека УЈП вечерва влегла на настанот на Боки 13 и Лазаров кои организираат игра на среќа без дозвола од Министерството за финансии!

Управата за Јавни Приходи вечерва влегла во просториите на локалот Cabaret Clique во Штип, каде што вечерва без дозвола од Министерството за фанинасии наградна игра организираат Бојан Јовановски алиас Боки 13 и Стефан Лазаров, дознава Радио Лидер од извори во објектот.

Во настанот кој може да го видите во живо на јутуб каналот на Стефан Лазаров, може да се види како тој и Боки 13 доделуваат награди за присутните кои имаат купено карта за да присуствуваат на настанот. Ова е кривично дело, затоа што се влече награда, за која присутните плаќаат влезница а организаторите немаат пријавено во Министерството за финансии.

Настанот се уште трае, но како што дознаваме во овој момент инспекторите на УЈП го испрашуваат сопственикот на објектот во кој Боки и Лазаров организираат наградна игра без дозвола. Во моментов на објавување на овој текст има пауза од наградите.

Останува да видиме дали инспекторите ќе го прекинат настанот, или ќе дочекаат тој да заврши за во кривичното дело да ги вклучат сите компании кои даваат награди преку Јовановски и Лазаров.

Целата вест на Лидер

Боки 13 и Лазаров денеска демантираа дека се работи за криминал но индициите дека се крши законот се силни.