Државната изборна комисија од Министерството за здравство ги прими протоколите врз основа на кои ќе се одржат изборите на 15 јули, со посебни мерки за заштита. Од друга страна, ДИК наскоро ќе треба да формира посебни изборни совети кои ќе треба да го спроведат гласањето на лицата во изолација.
Здравствениот протокол за изборите што го обезбеди Алсат, предвидува членовите на специјалните изборни совети, во случајов доктори или медицински сестри, да носат мантили за една употреба, маски и ракавици. Лицето во изолација или лицето коешто е заразено треба да носи маска и да ги дезинфицира рацете пред и по гласањето. Гласачките кутии нема да бидат дезинфицирани по секое гласање. Протоколот предвидува и голем број други задолжителни мерки, познати претходно. Целиот процес ќе се одвива со маски, ракавици, средства за дезинфекција и на растојание од 1 и пол до 2 метри.
Во меѓувреме со уредба Владата го регулира делот на политичкото рекламирање, што предизвика одредени реакции.
Кампањата официјално почнува вечерва на полноќ.