Вечерва се одржува традиционалниот Лешочки фолк фест

Продолжувајќи ја музичко-културната традиција од изминатите години, денеска на 27-ми август 2021 година, во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок, ќе се одржи новото издание на фестивалот на македонската песна „ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ 2021“.

Единствената автентична културна манифестација која се одржува во овој крај на Македонија, со својот концепт и идеја на творештво и оваа година настојува да го заштити и афирмира македонскиот фолклор, како дел од македонската културна традиција.

Фестивалот ќе започне во 20 часот.Фестивалот ќе го снима медиумскиот покровител ИНТВ Сателитска ТВ (ИН Продукција)и одложно ќе се емитува на сите локални и регионални телевизии и на националната ТВ Сонце. Фестивалот ќе можат да го проследат и гледачите, и обожувачите на македонската песна во Америка, Австралија, Канада и Европа!

Организаторите ги замоливаат посетителите на манастирот и учесниците на фестивалот да ги почитуваат протоколите за превенција од Ковид 19!