Вечна слава за големиот Гоце Арнаудов кој не напушти пред11 години

На 6 декември 2011 година, на 52-годишна возраст почина Гоце Арнаудов, познат македонски пејач на народна музика.

На десетгодишна возраст почна да свири гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставуваше низ цела поранешна Југославија.

Во Македонија се врати во 1993 година, а во 1994 година на Фолк фест – Валандово ги освои сите награди со песната „Дали чекаш стара мајко“.

Пет години беше прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а учествата на Фолк-фест Валандово му донесоа 22 награди. Неколку пати ја доби наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.

Редовно учествуваше на турнеи во Европа, Америка и Австралија. Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ќе пијам ќе лумпувам“, „Свири мајсторе“, „Полни бре меанџијо“, „Проклети да се предавниците“…

Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година.