Вејн Руни се врати во Евертон

Откако тринаесет години мина во Манчестер Јунајтед, 31-годишниот англиски напаѓач Вејн Руни се врати во Евретон, клубот во кој ја започна својата богата фудбалска кариера.

Вејн Руни за екипата под ливерпулски „Гудисон Парк“ потпиша договор на две годни, пристигнувајќи во редовите на Евертон без отштета.

„Среќен сум што се враќам во клубот на мојата младост. Одвај чекам да ги запознам соиграчите и тренерот. Да се освои трофеј во дресот на Евертон би претставувало круна на мојата кариера. Одушевен сум од плановите на челниците на клубот и убеден сум дека Евертон се развива во вистинска насока“, изјави Руни.

Во Евертон Рунитирапше ја започна својата кариера, а за првата екипа дебитираше во август 2002 година, со само 16 години. Во дресот на Евертон одигра 77 натпревари и постигна 17 голови, а потоа во 2004 година се пресели во Манчестер Јунајтед за 28 милиони евра.

Во дресот на манчестерските „Црвени ѓаволи“ одигра 599 мечеви и постигна 253 голови со што е најдобар стрелец во историјата на клубот. Со Јунајтед освои 16 трофеи, меѓу кои пет англиски титули, по една во Лигата на шампионите во 2008, истата година кога стана и првак на Клупското светско првенство и во Лига Европа оваа 2017 година.

Со доаѓањето на Португалецот Жозе Мурињо на клупата на „Олд Трафорд“, Руни падна во втор план и минатата сезона одигра само 15 прволигашки натпревари.

„Отсекогаш го почитував Руни. Со своето однесување и залагање секогаш беше пример за младите играчи. Неговите достигнувања уште долго ќе останат запишани во клупските книги на рекорди. Никогаш не е лесно да гледате како големите ѕвезди играат помалку отколку што би сакале. Поради тоа ја разбирам неговата желба да се врати во Евертон. Му посакувам среќа во новиот клуб“, порача Мурињо.

Се огласи и менаџерот на Евертон, Ронал Куман. „Вејн покажа амбиција којашто ни е потребна. Тој е играч кој има победнички менталитет и тој знае како се освојуваат трофеи. Среќен сум што се врати дома. Има само 31 година и не се сомневам во неговите квалитети. Пресреќен сум што стаса во нашиот клуб“, изјави.

Руни во врвот на нападот би требало да го замени Ромел Лукаку, кој за над 70 милиони евра замина во обратната насока, во Манчестер Јунајтед.