
Тие се повикуваат на членови на Етичкиот комитет на ФИФА кои на седница побарале ваква санкција за поранешниот француски репрезентативец.
Наводно, конечната одлука е веќе донесена и со неа се запознати правните застапници на Платини, но таа ќе биде објавена во јавноста на почетокот од декември.
Во моментов, Платини ја одлежува 90-дневната суспензија што му беше изречена минатиот месец поради сомнителни исплати од ФИФА кон него во претходните девет години.
Заедно со него, суспендиран е и се уште актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.