Денеска Советот на општина Карпош има најава дека ќе одржи две седници, една вонредна 38 и една продолжение на 37та седница на Советот на општина Карпош. 38та вонредна седница апсолутно нема ниту еден вонреден случај за кој што би требало да се одржи таа седница, а 37та седница исто така нема основ за продолжување затоа што амандманите кои што се поднесени од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се уште не се разгледани на комисиите, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината Карпош, Роберт Велјановски.
„Затоа прашуваме дали целта на ова вонредна седница е донесување на Програмата за урбанистичко планирање, што е уште една манипулација по секоја цена да се протне фамозниот ДУП за Алумина, како и сите останати ДУП-ови во општина Карпош кои што се на агендата на градоначалникот и таканаречената урбана мафија? За жал, градоначалникот брутално ги злоупотребува своите вработени. Целата администрација е присутна денеска на седницата на Советот на општина Карпош и ги манипулира луѓето со празни флоскули сеејќи страв меѓу вработените. Но, ние блокирајќи го буџетот се повикуваме на Законот за буџет кој вели меѓу другото дека согласност член 39 општината ќе работи со времено финансирање што значи дека истиот буџет и сите програми и цели можат да се користат од минатата година, се додека не се донесе нов буџет“, вели Велјановски.
Додаде дека вработени во општината Карпош, во основните училишта, во градинките, барајте си ги вашите права и не дозволувајте да бидете манипулирани, правата кои ви се загарантирани согласно устав и законите.
„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не се ваши непријатели, напротив ние комплетно стоиме зад вас и не дозволуваме никој да ве манипулира, ниту пак вие да бидете изманипулирани“, потенцира Велјановски.