Велјановски: Пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во соработка со полициските синдикати издејствува изедначување на дневницата за службено патување

Само што заврши средбата со македонски полициски синдикат и независниот синдикат на полицијата на која како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ги разменивме нашите мислења и ги слушнавме проблемите со кои се соочуваат македонските полицајци, истакна Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Истовремено ја искористивме и можноста да ги информираме луѓето од синдикатот дека вчера  во Собранието на Република Македонија на предлог на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а по барање на македонските полициски синдикати се усвои исклучително битен амандман. Со овој амандман на Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, лицата вработени во Министерство за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција ќе добијат изедначување на дневницата за службено патување, вели тој.

Посочи дека досега дел од вработените во овие институции, кои се опфатени со Колективен  договор земаа до 200% поголеми дневници од останатите колеги.

-Ваквата нерамноправна положба е минато. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе продолжи и во иднина да соработува со сите заинтересирани страни и да ги застапува интересите на граѓаните на Република Македонија, вели Велјановски.