Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска престојува во официјална посета на Албанија, на покана на својот албански колега, Илир Мета.
Во рамки на посетата, Вељаноски ќе се сретне и со претседателот на Албанија, Бујар Нишани и со премиерот Еди Рама.
Спикерот Вељаноски денеска, ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Албанија на свечена седница.