Велес мора да биде пристојно место за сите генерации, порача Колев

Кандидатот за градоначалник на Општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев најавува позитивна кампања за изборите, а како што вели акцентот ќе го стави на претставување на неговата визија за развој на општината.

-Чесноста, трудољубивоста, толеранцијата и пред се одговорноста ќе бидат одлика на мојата работа. Ќе подадам рака на секој од моите сограѓани, Велес ќе биде град на сите луѓе. Ова Ви го ветувам. Велес мора да блесне во својот сјај, Велес мора да биде пристојно место за сите генерации. Благодарност за укажаната доверба на извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на Претседателот Христијан Мицкоски, пишува Колев.