Велешанец се отрул со детергент

Момче од Велес се бори за живот откако се отруло испивајќи течен детергент, информираше МВР.
Според полицијата, вчера во 19.15 часот во болницата во Велес бил донесен Ј.Ј.(28) од Велес.

Лекарите утврдиле дека момчето било затруено откако испило одредена количина течен детергент. Бидејќи неговиот живот бил во опасност Ј.Ј. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен на Kомплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од МВР немаат детали дали станува збор за несреќен случај или обид за самоубиство.