На 08.04.2022 во 11.00 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СРВ Велес го лишиле од слобода А.Р.(20) од Велес поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во куќи.
Тој бил задржан во полициска станица и денеска во 08.00 часот бил спроведен во Основен суд Велес за да биде изведен пред судија на претходна постапка. Откако го предале на судијата, полициските службеници останале во ходникот пред судницата. Тој во судницата ја турнал дактилографката и избегал преку отворениот прозорец.
По преземени мерки, во 11.00 часот А.Р. бил пронајден и приведен во СВР Велес. При превземањето мерки, во два наврати полициски службеници испукале предупредувачки куршуми во возудх. А.Р. бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Скопје за издржување на казната притвор, која му ја определи судија на претходна постапка.