Велешанка ограбила починат сограѓанин на улицата Илинденска во градот.
Според информациите од полицијата, морничавиот настан се случил вчера.
Се’ почнало кога 54-годишниот велешанец Т. Ѓ. трагично паднал на улицата и починал. Тогаш до него се приближила 32-годишната сограѓанка Р.С. која му ги одзела парите што ги носел со себе.
Жената е задржана во полициска станица, а за настанот известен е јавен обвинител.
По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат до СВР Велес.