Велешанец три пати „оперирал“ во иста спортска обложувалница, ама го фатиле

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.Г.(30) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела, две за „тешка кражба на дрзок начин“ и едно „разбојништво“.

На 13.12.2020 со употреба на сила влегол во спортска обложувалница на ул.„Белградска“ во Велес и одзел пари.

На 03.01.2021 и 19.01.2021 во истата обложувалница, пријавениот на исто така, одзел пари.